ФОТО | „Берлинале“: Мартин Скорсезе е добитник на почесната „Златна мечка за животно достигнување“

Мартин Скорсезе / Фото: EPA

Американскиот режисер Мартин Скорсезе е добитник на почесната награда „Златна мечка за животно достигнување“, која ќе му биде врачена на 74. издание на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал („Берлинале“) во февруари, објавија организаторите на фестивалот.

„За секој што гледа на филмот како на уметност која е способна да ја обликува приказната за да биде истовремено универзална и лична, Мартин Скорсезе е ненадминат модел… Затоа е големо задоволство и чест за нас уште еднаш да го поздравиме нашиот голем пријател на фестивалот и да му ја врачиме нашата најважна почесна награда“, се вели во изјавата на режисерите Мариет Рисенбек и Карл Чатријан.


Имено, наградата ќе му биде врачена на свечена церемонија, која ќе се одржи на 20 февруари следната година.

Скорсезе последен пат учествуваше на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал во 2008 година, со документарниот филм за музичката група „Ролинг стоунс“ – „Светни светлина“ („Shine a Light“).

Најновиот филм на Скорсезе, „Убијци на цветната месечина“ („The Killers of the Flower Moon“), со Леонардо Дикаприо во главната улога, моментално се емитува во киносалите ширум светот.

Режисерот Мартин Скорсезе и актерската екипа на „Killers of the Flower Moon“ / Фото: Shootpix/ABACA / Shutterstock Editorial / Profimedia

Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, кој е еден од најважните светски филмски фестивали заедно со фестивалите во Кан и Венеција, ќе се одржи од 15 до 25 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот