ФОТО | Анастасија Ражнатовиќ и кога е опуштено облечена, носи парчиња од илјадници евра: Еден детаљ платила супер скапо!

Фото: Инстаграм

Ќерката на српската фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудеља се вдомија во Севиља, Шпанија.

А на социјалните мрежи редовно споделува детали од, како што изгледа, идиличниот живот.

Имено, Анастасија за многумина е и модна инспирација.

Постои дури и профил на Инстаграм на кој се објавуваат нејзини фотографии, а пишува од каде Анастасија ја купила облеката и колку чини.

Фото: Принтскрин / Инстаграм / anastasijaraznatovicstyle

А последниот во низата од нејзините стајлинзи, во кој отиде на шопинг, на многумина им падна в очи, па како што пишува оваа страница, чини дури 3.700 евра. Од кои, џемперот чини 95 евра, фармерките 700 евра, патиките 205 евра. Сепак, чантата најмногу ја платила и чини 2.700 евра.

Фото: Принтскрин /Инстаграм /Анастасија Ражнатовиќ

Да потсетиме, Анастасија неодамна покажа како изгледа нејзиниот тренинг, па вежбаше во тесни хеланки и маичка, кои дополнително ја истакнаа нејзината вита линија.

Фото: Принтскрин / Инстаграм / anastasijaraznatovicstyle

Младата пејачка ангажирала и личен тренер.

Таа правела вежби за задникот и стомакот, а сите велат дека никогаш не изгледала подобро.

Фото: Принтскрин / Инстаграм / anastasijaraznatovicstyle

Инаку, по операцијата на Немања Гудељ, Анастасија накратко се повлече од социјалните мрежи, а потоа неколку дена позираше без грам шминка, притоа врзувајќи ја косата во опавче, па заморот на нејзиното лице бил видлив.

ФОТО | „Твојата жена те сака“: Анастасија Ражнатовиќ му го честиташе роденденот на сопругот со досега необјавени фотографии

ФОТО | Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ уживаат во Дубаи: Луксуз на сите страни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот