ФОТО | Ако животот ви подари лимони, направете миризлив лимон колач

лимон колач/Instagram
лимон колач/Instagram

Брзите, едноставни тортички се мојот омилен начин да направам нешто што ќе ми ја замириса кујната, а истовремено ќе биде вкусен за домашните.

Токму таков е следниов рецепт. Ако животот ви даде лимони, направете лимон колач!

Потребни состојки:

  • 230 грама брашно
  • 3 јајца
  • 1 пециво
  • 230 гр шеќер или засладувач по ваш избор
  • 230 гр омекнат путер
  • Изрендана кора од два лимони
  • 1 ванилин шеќер
  • 6 лажици млеко
  • 2 лажици цеден сок од лимон
Лимон колаче
Panthermedia / Profimedia

Подготовка:

Со миксер се матат јајцата, путерот и шеќерот и ванилиниот шеќер. Треба да станат пенасти.

Се мешаат брашното со прашокот за пециво, се додаваат млекото и лимоновиот сок. Се додава и ренданата кора од двата лимони. Додајте ја ова смеса во мократа смеса и измешајте добро со лажица. Во долгнавест калап за колачи, намастете ги добро ѕидовите и истурете ја смесата.

Колачот се пече 50тина минути на 160 степени. За секој случај пред крај на печењето проверете со чепкалка дали е печен. Откако ќе ја исклучите рерната, оставете го да стивне 15 минути.

Додека се лади колачот, подгответе глазура (ова ако сакате). Исцедете два лимони и во сокот од лимон додадете 100 гр шеќер во прав, добро да се спојат. Извадете го колачот од калапот и премачкајте го со глазурата и украсете го со парчиња лимон.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот