Флавио Бријаторе негира дека има коронавирус! Задржан сум во болница поради воспаление на простатата

Фото: Профимедиа

По ширење на информацијата дека италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе е позитивен на коронавирус и се наоѓа во болницата Сан Рафаеле во Милано, поранешниот шеф на Рено во Формула 1 се огласи од болницата. Тој демантира дека има корона и вели дека е задржан во болница поради воспаление на простатата и дека сè уште ги чека резултатите од тестот за коронавирус, пишува Дејли мејл.

„Во неделата дојдов во болница и задржан сум поради воспаление на простатата. Кога сум веќе тука, ми земаа и брис, но уште не знам дали сум позитивен на коронавирус. Можеби и сум, со оглед на случувањата во Сардинија, но јас се чувствувам добро, многу добро“, рекол тој.

Како што пренесоа странските медиуми, сè почнало за време на викендот, кога се пожалил на блага температура и симптоми на умор и се консултирал со докторите. Засега мора да биде под лекарска контрола. Има симптоми на воспаление на белите дробови и е хоспитализиран.
Бријаторе пред неколку дена водеше остра полемика околу коронавирусот, кога се противеше на затворање на клубовите. Расправаше со италијанската влада поради заострувањето на мерките за дискотеките.

Тој е сопственик на клубот „Billionaire“ во Порто Серво. Тој клуб е означен како жариште бидејќи таму се заразиле околу 60 вработени и посетители. Потоа дискотеката морала привремено да престане со работа.

Неговиот друг ресторан во Монте Карло исто така бил затворен поради ризикот од зараза со коронавирусот откако таму се заразил дел од персоналот.

Поради одлуката за затворање на клубовите Флавио бил бесен.

„Пуштете нè да работиме. Ни покажуваат разни бројки последниве неколку месеци за кои немаат никакви докази. Владата на тој начин ги плаши луѓето“, зборуваше Бријаторе, пред и сам да заболи од коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот