ФК Вардар го промовираше новото зимско засилување

Ване Јованов од Академија Пандев во редовите на Вардар/Фото: facebook.com/FKVardarSkopje/

Фудбалскиот второлигашки клуб Вардар продолжува со засилувањата во зимскиот преоден рок пред вториот дел од сезоната.

Ване Јованов е нов играч на скопските „црвено-црни“ и доаѓа од екипата на Академија Пандев.

Настапува на позицијата десен бек и ги има поминато сите младински категории во репрезентацијата на Македонија.

Претходно нов играч на клубот стана и Дарко Мицевски кој потпиша четири и пол годишен договор.

Пред четири дена Вардарци ги стартуваа подготовките, ќе тренираат во Скопје и акцент ќе биде ставено на физичкиот аспект. А на 24 јануари фудбалерите заминуваат во Анталија (Турција) за вториот дел од подготовките каде што ќе се играат и контролни натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот