Фјури не сака пари за да боксува против Џошуа, но бара бесплатен влез за навивачите

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Тајсон Фјури по победата над Дилијан Вајт на која се одржа на 23 април замина во пензија, но на англиските медиуми им откри дека е подготвен повторно да ги стави ракавиците и да влезе во ринг за меч против Ентони Џошуа.

Џошуа на 20 август во Саудиска Арабија ќе боксува против Олександр Усик, а победникот ќе го напушти рингот со три шампионски појаси и ќе му недостасува само тој во ВБЦ верзијата кој е во сопственост токму на Фјури.

Фјури не е премногу загреан за обединување на сите титули во тешка категорија, но е заинтересиран да боксува против Џошуа.

За време на едно дружење со фановите, Фјури им откри дека има два услови за враќање во рингот и меч против Џошуа.

– Тој е бизнисмен, а не борец. Се надевам дека ќе го победи Усик па да можам да излезам од пензија и да боксувам бесплатно против него. Но, имам неколку услови. Сакам борбата да се одржи на стадионот „Вембли“, сакам влезот да биде слободен и сакам бесплатно да се емитува во цело Обединето Кралство. Ќе се борам со него тука во Англија, не сакам да биде надвор – изјави Фјури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот