Филипче: Во Грција од 14 мај со негативен ПЦР тест или со потврда за вакцинација

грчка граница грција ГП Богородица Евзони
Граничен премин / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Грција би требало да ја отвори границата на 14 мај и да дозволи влез за граѓаните на Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за вакцинација против ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Овие информации му ги дал грчкиот министер за туризам Харис Теохарис при последниот телефонски разговор што го имале минатата недела.

Засега не се знае дали С. Македонина ќе биде во групата земји за чии граѓани ќе биде допуштен влез во Грција и со негативен брз антигенски тест. Филипче рече дека за тоа се чека одлука од грчката Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот