Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е!

Плажа Претор Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Со зголемениот број на посетители на туристичките места низ државата, клучно е да се почитуваат личните мерки за заштита и донесените протоколи за работа на плажите и базените од страна на СИТЕ. Да го сочуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски, порача министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.

  •  Заштитна маска на лицето, држење физичка дистанца, често миење на рацете
  •  Ограничување на бројот на посетители на плажа до максимум 15 посетители на 100 м²;
  • Задолжително меѓу поставените чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, а растојание од 1,5 до 2 метра меѓу лежалките поставени под соседни чадори;

 

  • Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и по користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби;
  • Во однос на работата на базените, пред билетарите задолжително да се обележи растојание од 1,5 до 2 метра;
  • Да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички и да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети;
  • Користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување ред од назначени лица од редарска служба;
  • Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои два часа (по потреба и почесто);
  • При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот