Филипче: Нови поликлиники ќе има во Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Аеродром и Ново Лисиче

 Нови поликлиники ќе добијат населбите Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Аеродром и Ново Лисиче, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден на срцето.

Свесни сме, посочи тој, за проблемот на жителите на Бутел и не само на Бутел, туку и во повеќе скопски општини.

– Увидовме дека овој систем на поставување модуларни амбуланти е добар и квалитетен и прилично евтин и во таа смисла се направи план, нешто за што сега и во овој момент имаме буџет, а тоа е да се заменат повеќе постојни амбуланти во Скопје, рече Филипче. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот