Филипче: Не очекуваме некакво изнанадување во смисла на поголем наплив на пациенти кои би биле хоспитализирани

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, при денешната посета на Здравствениот дом во Свети Николе на новинарско прашање истакна дека на утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести се анализираа податоците од претходните две недели.
-Трендовите се сѐ уште во насока на тоа да е приближно ист бројот од вкупно дијагностицирани од вкупниот број на тестови направени, ист процентот на хоспитализирани пациенти од вкупниот број на новодијагностицирани. Капацитетите во болниците добро се менаџираат и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети. Во ГОБ „8ми Септември” повеќе денови по ред има под 100 пациенти кои се третираат. 80 се позитивни, за другите се чека резултати да стигнат во овие денови. Исто така, слободни кревети има и Инфективната клиника и на другите инфективни одделенија во општите и клинички болници ширум државата. Не очекуваме некакво изнанадување во смисла на поголем наплив на пациенти кои што би биле за прием во болница. Продолжува со ист интензитет работата на епидемиолозите на терен. Интензивно тестирање согласно индикацијата, интензивно пратење на контактите и ставање во изолација”, рече министерот Филипче.
Во однос на денешното гласање на заразените од ковид-19 и оние кои се во изолација, на новинарско прашање за тоа како се снаоѓаат здравствените работници, министерот Филипче изјави дека утрово разговарал со претставници на Државната изборна комисија, кои укажале дека засега нема никакви проблеми.

-Формирани се лекарските комисии. Добро се снабдени со опрема и тие во домовите кај лицата кои се на домашно лекување и тие што имаат решение за изолација. Веќе се спроведува процесот на гласање. Досега немаме информација за било каков проблем- потенцираше министерот Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот