Филипче: Ќе не чека интензивна работа до стекнување колективен имунитет или пронаоѓање на вакцината

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека со апликацијата StopKorona!  се помага во спречување на ширење на коронавирусот, како и во олеснување на работата на епидемиолозите во пополнување на анкетите.

-Ние сме во фаза кога го очекуваме пикот, кога идентификуваме заболени лица и ги ставаме во самоизолација. Со апликацијата се олеснува работата на епидемиолозите со замена на прашалникот кој го изработуваат.

Оваа состојба нема да заврши сега, целта е да се амортизира ударот кон здравствениот систем. Во повеќе земји се размислува како ќе се постават по пикот, ќе не чека интензивна работа до крајот на оваа и почетокот на следната година до стекнување колективен имнитет или пронаоѓање на вакцината.

Планираме да направиме скрининг во областа на Дебар и веќе сме во фаза во која може да се евалуира имунитетот на населението тука. Со тоа значајно ќе се придонесе да се стави крај ан епидемијата во нашата земја, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот