Филипче изненаден од Пендаровски: Сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза

Министерот за здравство Венко Филиче реагираше на изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски дека „она што викендот го гледавме во Србија, каде се вакцинираа нашти граѓани е срам за државата и не смее да се повтори”.

– Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски. Сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинирана и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја, вели Филипче во писмената реакција.

Тој посочува дека Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре.

– Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана, вели Филипче.

Пендаровски: Благодарност до Србија, но сликите од викендов беа срам за нас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот