Филипче: Граѓаните во мене ќе имаат партнер и другар, а мојата врата ќе биде отворена за сите

Венко Филипче кампања Фото: Фејсбук Филипче

Контактот со граѓаните и грижата за нивните проблеми нема да заврши на денот кога ќе завршат изборите. И затоа, ветувам дека како претставник на граѓаните во идното Собрание на Македонија, ќе останам достапен за вас, за вашите грижи, маки, но и идеи и предлози, истакна Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина за Четвртата изборна единица.

Филипче изборното претставување го започна од Гевгелија и Демир Капија каде што имаше обраќања на граѓански митинзи.

-Политиката носи одговорност. Одговорност за она што ќе се случува со нашата земја во иднина. Одговорност за тоа како ќе живеат граѓаните во неа. Одговорност за создавањето услови за мирен и спокоен живот, ослободен од грижи и сиромаштија. И јас ја прифаќам таа одговорност – рече Филипче.

Тој пред граѓаните истакна дека сега е време за размислување со ладна глава, бидејќи одлуките денес имаат големи последици на иднината.

-СДСМ е партијата која секогаш е на вистинската страна на историјата, која и кога греши не скршнува од вистинскиот пат. Затоа повикувам на масовно обединување кое значи само подобра иднина и сигурен пат напред. А јас, лично ветувам дека во мене секогаш ќе имате партнер и другар а мојата врата ќе биде отворена за сите – заврши Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот