Филипче: Апелирам и молам граѓаните да не се лекуваат од коронавирус на своја рака (ВИДЕО)

Официјално се завршени сите постапки во Агенцијата за лекови и на терапијата од антибиотик и лек против маларија се ставени двајца пациенти на Инфективната клиника. Не се дава терапијата на секого, потребна е кардиолошка анализа, ЕКГ.

Јавната порака која министерот за здравство Венко Филипче ја упати кон сите граѓани што самоволно се лекуваат со сумамед и други лекарства, е тоа да не го прават.

-Апелирам и молам сите граѓани ова да не го прават. Дури и сите дијагностицирани пациенти со тешка и средна клиничка слика не се погодни за оваа терапија. Ова е оф лејбл терапија, но се дава зашто дава добри резултати. Кај група пациенти мора да има дополнителни кардиолошки испитувања, ЕКГ. Ако има неправилности, тогаш лекот не се дава. Да не помислат да земаат сами ваква терапија, а уште помалку да не помислат да им биде некаква превенција, рече министерот.

Официјално се завршени сите постапки во Агенцијата за лекови и на терапијата од антибиотик и лек против маларија се ставени двајца пациенти на Инфективната клиника. Не се дава терапијата на секого, потребна е кардиолошка анализа, ЕКГ.

-Не е безазлена терапија! Се прави план како ќе се дава на лицата кои се на домашно лекување, бидејќи ќе се дава во болница а не дома, а а ова организираме веќе и систем на транспорт, додаде Филипче. Вкупната бројка на тестирани во Македонија надминува 1000 лица.

Министерот за здравство, Венко Филипче, претходно ја објасни логиката, како избегнувањето на социјалните контакти, придонесува кон повлекувањето на коронавирусот. Тој рече дека после два инкубациски периоди, практично се смета дека заразените пациенти се излекувани, а вирусот го нема околу нас, на површините, тротоарите итн.

Денеска на прашањето на Слободен печат, колку време во денови се овие два инкубациски периоди, министерот рече дека се два циклуса од по 14 дена, но дека е многу рано да се предвиди и дека навистина не би можело да се предвиди кога тие инкубациски периоди ќе започнат во земјава.

-Два инкубациски периоди се двапати по 14 дена. Но, многу е рано да предвидиме кога би почнало тоа. Зашто ние сме уште во фаза кога бележиме нагорна линија на регистрирање на случаите. Се уште е многу рано да се каже почетокот на овие два инкубациски периоди и навистина не би можеле временски да предвидиме кога тоа би почнало, објасни Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот