ФИФА и ФИФпро сакаат да ги евакуираат фудбалерите и фудбалерките од Авганистан

ФИФпро во контакт со владите да воспостават план за евакуација на спортистите во опасност/Фото: EPA/ANINDITO MUKHERJEE

ФИФА и синдикатот на играчи на ФИФпро сакаат да помогнат во евакуацијата на авганистанските фудбалери и фудбалерки кои сакаат да ја напуштат земјата, потврди во неделата Фатма Самура, генерален секретар на Меѓународната фудбалска федерација.

– Работиме со ФИФпро – објасни Самура, додавајќи дека е неопходно да се процени „бројот на засегнати играчи“.

– Ние веќе сме евакуирале фудбалери од Авганистан во минатото, мора да го направиме тоа повторно – додаде генералниот секретар на Меѓународната фудбалска федерација.

Меѓународниот синдикат играчи на Твитер во петокот објави дека „е во контакт со владите да воспостават план за евакуација на спортистите во опасност“, со цел „да се сместат што е можно повеќе луѓе на безбедно место“.

ФИФпро во четвртокот слушна за смртта на авганистанскиот млад репрезентативец Заки Анвари, кој загина додека се обидуваше да се држи за авионот за да избега од неговата земја.

Авганистан нема да биде дел од Параолимписките игри во Токио, а беше прилика за историско учество

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот