Ферстапен доминираше на спринт трката во Австрија

Макс Ферстапен („Ред Бул“) освои уште осум бода во генералниот пласман/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Макс Ферстапен, возачот на „Ред Бул“, го освои првото место на спринтерската трка што се вози во Австрија и со тоа освои уште осум бода во генералниот пласман.

Верстапен во петокот ја зазеде првата позиција во квалификациите и сигурно ја одбрани, па неговиот болид ќе биде пред сите на стартот на трката и во недела.

Второто и третото место во спринтерската трка го зазедоа дуото на „Ферари“, Шарл Леклер и Карлос Саинс.

Голем напредок постигна возачот на „Ред Бул“, Серхио Перез, кој квалификациите ги заврши на 13 позиција, додека спринтерската трка ја заврши на петтото место.

Трката за Големата награда на Австрија во рамките од Формула 1 шампионатот е закажана за в недела од 15.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот