Федерер: Би бил изненаден доколку Ѓоковиќ не го освои „Вимблдон“

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Поранешниот тенисер и повеќекратен грен слем шампион Рожер Федерер во средата изјави дека 23-те грен титули кои ги освои Новак Ѓоковиќ се големо достигнување и дека новите трофеи кои ќе ги освои ќе испишат историја.

Најдобриот српски тенисер Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на „Вимблдон“, откако го елиминираше Американецот Џордан Томпсон.

– Тој е голем, голем фаворит. Мислам дека тоа е одлично за него. Имав мои моменти. Таа осма титула овде или онаа кога ја освоив петти пат по ред, тоа беа моите моменти. Ако некој го изедначи или надмине тоа, тоа ќе биде нивни момент. Сега сè е до медиумите и играчите. Па се надевам дека ќе го направи тоа, бидејќи сè што додава, всушност додава во тениската историја, оди над и подалеку. Тој оди во глобалниот спорт, како кога ја освои 23 титула во Париз. Тоа е неверојатно. Тоа е голема вест и добро е за играта. Мислам дека е голем фаворит и би бил изненаден доколку повторно не го освои Вимблдон.

„Големата тројка“ повеќе ја нема, но Федерер не е загрижен за иднината на тенисот.

Мислам дека Алкараз ќе постигне неверојатни работи во иднина, тоа значи дека ќе освои многу Грен слемови. Посебно ќе ме интересира да видам како играат на Вимблдон, тие први мечеви.

Лизгаво е, се игра помеко, мора да го имаш тој дополнителен чекор. Почнувате да ја губите довербата во движењето. Веднаш потоа не играте добро и сè станува незгодно. Но, мислам дека ги има сите алатки, има различни начини за победа, а токму тоа го прави играчот шампион – вели Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот