Фаучи: Преоптимистичен е ставот за покренување на американската економија на 1 мај

Фаучи истакнува дека постепено треба да се ублажуваат строгите правила за социјално дистанцирање, од едно место до друго, а не сите оддеднаш.

Директорот на американскиот Национален институт за алергии и инфективни болести, Ентони Фаучи изјави дека повторното покренување на економијата на 1 мај е „премногу оптимистично”.

Американската администрација им порача на граѓаните да останат во своите домови до крајот на април, додека претседателот Доналд Трамп најави дека на 1 мај повторно ќе дојде до покренување на некои економски сектори.

Фаучи истакнува дека постепено треба да се ублажуваат строгите правила за социјално дистанцирање, од едно место до друго, а не сите оддеднаш.

Тој изрази загриженост дека ќе дојде до нова епидемија на местата на кои ќе се ублажат мерките за социјално дистанцирање, истакнувајќи дека здраствените власти се уште немаат можност за брзо тестирање, да ги изолираат новите случаи и да ги откријат сите лица со кои заразеното лице било во контакт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот