Фаучи потврди дека разговарал со тимот на Бајден

Доктор Ентони Фаучи / Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Ентони Фаучи, највисокиот американски функционер во борбата против коронавирусот, конечно разговарал со тимот за транзиција на новоизбраниот претседател Џо Бајден, што ги зголеми надежите за непречено примопредавање во сите прашања поврзани со пандемијата.

Фаучи денеска во интервју потврди дека „допрел теми” со Рон Клајн, до скоро шеф на канцеларијата на Бајден.

– Не разговаравме конкретно за практичните детали, рече Фаучи и додаде дека „секако” ќе се согласи да работи со работната група за коронавирус во Белата куќа на Бајден.

Бајден претходно соопшти дека неговиот тим, генерално, е во контакт со Фаучи.

Еден од големите проекти во 2021 година на администрацијата на Бајден ќе биде воведување на вакцини против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот