Фаучи нема да присуствува на првиот закажан политички митинг на Трамп во Тулса

Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи предупреди дека САД продолжуваат да се соочуваат со првиот бран на коронавирусот, истакнувајќи дека е загрижен за појавата на нови епидемии во земјата.

По неколкуте месеци тешка борба со заразата Фаучи кажа дека нема да присуствува на првиот закажан политички митинг на претседателот Доналд Трамп, во сабота во Тулса, во сојузната држава Оклахома, каде се очекува голема посетеност, и покрај зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус.

Фаучи ова го изјави во време кога шест американски држави пријавија рекорден број на заразени заради забрзаното олеснување на рестриктивните карантински мерки, пренесуваат американските медиуми.

Аризона, Флорида, Оклахома, Орегон и Тексас завчера соопштија за рекордно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, при што Невада бележи најголем број случаи во еден ден.

Фаучи порано имаше кажано дека коронавирусот може да се појави за неколку циклуси и дека враќањето на земјата во целосна нормалност веројатно не може да се очекува годинава.

-Се надевам дека дури следната година ќе може да се утврди одреден степен на вистинска нормалност, или нешто слично на тоа, но не мислам дека тоа ќе биде оваа зима или есен, изјави тој за британскиот „Телеграф”.

Тој додаде дека смета оти коронавирусот, сепак, ќе биде присутен малку подолго време

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот