Фасцинантно откритие: Амазонската прашума ја крие најголемата змија на светот

Фото: Profimedia

Меѓународен тим херпетолози, предводени од научници од Универзитетот во Ново Мексико и Универзитетот во Квинсленд, опиша мистериозен нов вид анаконда од далечниот Амазон, пишува „Сај њуз“.

Излезе дека најтешката змија на светот не е баш како што изгледа. За време на снимање на серијал на Нешонал џиографик, беше откриено дека зелената анаконда, всушност, потекнува од два генетски различни видови, и покрај тоа што секој вид изгледа толку слично што дури ни експертите не можат да ги разликуваат.

Анакондите („genus Eunectes“) ѝ припаѓаат на група водни ендемични змии, кои живеат во областа источно од Андите во Јужна Америка. Видот змии со крупно тело претежно населува низински реки и мочуришта и е познат по својот многу прилагодлив живот во вода. Анакондите имаат нос и очи лоцирани на главата со шема што одговара на боите на водната вегетација.

Студиите досега открија четири видови анаконди кои се препознаваат по род. Тоа се „Eunectes murinus“, „Eunectes beniensis“, „Eunectes deschauenseei“ и „Eunectes notaeus“.

Најголемиот од овие видови е „Eunectes murinus“ или зелена анаконда, која ги населува повеќето тропски региони на континентот, вклучувајќи ги басените на Амазон, Ориноко, Есекибо. Неодамна опишаниот вид „Eunectes beniensis“, или Бени анаконда, главно ја населува Боливија. „Eunectes deschauenseei“, или анаконда со темни дамки, е распространета на североистокот на континентот, од делтата на реката Амазон во Бразил до Француска Гвајана и можеби Суринам. „Eunectes notaeus“, или жолта анаконда, е широко распространета во областите на тропска и суптропска Јужна Америка, вклучувајќи ги Бразил, Боливија, Парагвај, Аргентина и Уругвај.

Фото: Jam Press / Jam Press / Profimedia

„Нашиот тим, кој снима за Нешонал џиографик, доби ретка покана од народот Ваорани да го истражи регионот и да собере примероци од популацијата на анаконда, за која се вели дека е најголемата во светот“, рече професорот Брајан Фрај од Универзитетот во Квинсленд, коавтор на студијата.

„Автохтоните ловци нè одведоа во џунглата на десетдневна експедиција во потрага по овој вид змии, кои тие го сметаат за свети. Веславме со кануа по речниот систем и имавме доволно среќа да најдеме неколку анаконди кои беа во плиткото, чекајќи го својот плен. Големината на овие прекрасни суштества беше неверојатна – една женка анаконда што ја сретнавме беше долга околу 6,3 метри“.

Има анегдотски извештаи од народот Ваорани за други анаконди во областа, но најпозната е зелената анаконда, која е вистински џин меѓу овие влекачи. Женките можат да пораснат до повеќе од седум метри и да тежат над 250 килограми. Тие обично го населуваат сливот на Ориноко.

Овие суштества не се отровни. Тие го фаќаат својот плен со големи, флексибилни вилици, а потоа го задавуваат и го дробат со моќните тела пред да го проголтаат.

„Видот ‘Eunectes akaima’ се одвои од видот ‘Eunectes murinus’ пред речиси 10 милиони години и генетски се разликуваат за 5,5 проценти. Ова откритие е врв во мојата кариера“, вели професорот Фрај.

Тој посочи дека регионот на Амазон продолжува да се соочува со алармантни еколошки закани поради уништувањето на шумите на басенот на Амазон и земјоделската експанзија. Поради ова, многу видови ги губат своите живеалишта, а ако продолжи уништувањето на шумите, до 2050 година, според проценките на експертите, околу 40 отсто од амазонските шуми би можеле да исчезнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот