ФА го суспендираше Јирген Клоп

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Tренерот на фудбалерите на Ливерпл заработи суспензија од еден натпревар поради непримерно однесување и нема да го предводи тимот во претстојниот натпревар против Астон Вила во Премиер лигата.

Клоп покрај суспензијата ќе мора да плати и казна од 75.000 фунти, а втората суспензија е условна казна до крајот на следната сезона, ако се повтори прекршокот. Германскиот стратег остро го критикуваше судијата Пол Тирни по победата против Тотенхем 4:3 во натпреварот одигран на 30-ти април.

Независната комисија утврди дека изјавата на Клоп претставува недолично однесување со кое е доведен во прашање интагритетот на судиите.

„Имаме историја со (Пол) Тирни, јас навистина не знам што тој човек има против нас, ми кажа дека нема проблем, но тоа не може да биде точне. Не разбирам, ме гледа некако поинаку“, изјави Клоп помеѓу останатото по тој натпревар.

Веднаш на следната прес-конференција Клоп изрази жалење за тоа што го кажа и се извини за однесувањето покрај теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот