Европски куп: ГРК Тиквеш не успеа да ја одбрани предноста од Кавадарци

Фото: ГРК Тиквеш

На реваншот од втората рунда во Европскиот куп денеска ракометарите на Тиквеш загубија во Австрија од Кремс со 33:25 (17:13).

Македонскиот претставник не успеа да ја одбрани предноста од првиот меч одигран во салата „Јасмин“ во Кавадарци кога славеше со четири голови разлика (33:29).

Австријците уште од самиот старт веќе ја анулираа позитивата на Тиквеш откако поводеа со 6:1. Во следниот период домаќините константно одржуваа предност од пет голови разлика, а во еден имаа и 12:6.

ГРК Тиквеш дојде двапати до „минус три“ негатива (12:9, 13:10), а на паузата Кремс водеше со 17:13.

И наместо да се одржи неизвесноста во овој двомеч, во вториот дел попушти концентрацијата во редовите на Тиквеш, тоа го казни и искористи Кремс кој дојде до огромни 24:15.

Кремс не дозволи Тиквеш да се врати повторно резултатски, домаќинот стекна и „плус 12“ (31:19, 32:20) и тука завршија сите дилеми околу патникот во следната фаза.

За Тиквеш по пет голови имаа Анастасовски, Симиќ и Мајиќ, а на спротивната тсрана Розман запиша осум погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот