Европа денеска надмина 10 милиони случаи на коронавирус

Фото:EPA-EFE/Leszek Szymanski POLAND OUT

Европа денеска го надмина прагот од 10 милиони случаи на коронавирус, соопшти регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге и посочи дека оваа недела Европа бележи најголема зачестеност на случаи ковид-19 од почетокот на пандемијата, откако во изминатите седум дена се пријавени 1,5 милиони пациенти.

– Вкупниот број на потврдени случаи се зголеми од седум на девет милиони за само 14 дена, а денеска Европа го надмина прагот од 10 милиони случаи, рече Клуге на вонредниот состанок во Копенхаген на министрите за здравство во европскиот регион на СЗО посветен на прогнозите за зимата во врска со коронавирусот, се вели во соопштение на СЗО.

Тој додаде дека во повеќето европски земји во период од 14 дена е регистрирана многу висока стапка на инциденца од повеќе од 200 случаи на 100.000 жители.

Клуге истакна дека бројот на хоспитализирани се искачи на ниво што не е забележано минатата пролет, со повеќе од 10 хоспитализирани на 100.000 жители во третина од земјите во Европа.

Тој додаде дека стапката на смртност нагло се зголемила, и минатата недела регистрира раст од 32 проценти низ цела Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот