Евролига: Басконија во неизвесна завршница триумфираше над Црвена звезда

фото: EPA-EFE/L. Rico

Денеска во рамките од 22 коло во Евролигата кошаркарите на Басконија славеа со минимален резултат 91:90 против Црвена звезда. Црвена звезда го отвора натпреварот со тројка. Басконија поведе со 5:8, но потоа српскиот претставник започна добра серија и по првиот дел беше 30:20.

Во втората четвртина белградската екипа го одржуваше водството, Шпанците успеаја да дојдат до „минус четири“ негатива, но на одмор се замина со резултат 52:43. По паузата следуваше пад во играта на Звезда. Гостите многу подобро влегоа во вториот дел и пред последната четвртина успеаја да го свртат резултатот на 62:69.

Басконија во еден момент се искачи на „+12“ (65:77), а потоа со сите сили Црвена звезда тргна на сè или ништо стигнувајќи на само „минус еден“ (83:84), но не и да направи пресврт. Басконија се одвои на 88:83, Матеус ја враќа разликата на еден, на неколку секунди до крајот гостите погодија слободно фрлање и после тоа собраа офанзивен скок.

После тоа на линијата за слободни фрлања доаѓа Вања Маринковиќ и погодува два пати. Звезда после тоа постигна тројка, но залудно.

Апсолутно прво име на средбата беше Хауард. Се истакна за гостинскиот тим со 32 поени. Кај Басконија го следеше српскиот кошаркар Маринковиќ кој постигна 18 поени.

Бразилецот Матеус беше најдобар кај Црвена звезда. Постигна 23 поени, пет пати асистираше и додаде три скока. Црвена звезда така ќе остане на 13 место со скор 10-12, додека Басконија скокна на седмото место со учинок 12-10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот