ЕВН ја купи Градската куќа

Градската куќа која на иницијатива на градоначалникот Петре Шилегов, советниците одлучија да ја продадат, ја купи компанијата ЕВН, информираше за „Слободен печат“, портпаролот на Градот, Ваљон Салиху.

Салиху рече дека ЕВН бил единствен понудувач на јавната акција за продажба на Градската куќа која се одржала вчера.

– Градот, на ЕВН, Градската куќа и ја продаде за 12,7 милиони евра, што беше и почетната цена на електронската аукција. Договорот ќе биде склучен во наредните 15 дена – вели портпаролот Салиху.

Како што претходно информиравме, Град Скопје одлучи Градската куќа  да ја продаде бидејќи локацијата била „несреќно избрана“, како и дека немало место за сите вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот