Еве кому треба да простите на последниот ден од „старата“ година

Се ближи крајот на 2019 година и време е да размислиме за луѓето на кои треба да им простиме пред да влеземе во новата година со чисто срце.

На родителите

Секако дека не биле совршени во изминатата година, ама кој е совршен? Веројатно ве критикувале за некои постапки или одлуки, можеби тоа предизвикало конфликтни ситуации, но сепак, тие ни се родители, тие нè сакаат и се грижат за нас, тие само сакаат да бидеме среќни и најдобро ни мислат.

На непријателите

Да се прости на непријателите е веројатно најтешката работа. Тоа го прави само човек со големо срце. Бидете и вие таков човек, а не малодушни. Се сеќавате на познатата реченица „сакај ги непријателите?!“. Не е лесно да се сакаат непријателите, но има мудрост во оваа реченица. Да живееме со гнев е сигурен начин да си го уништиме животот. Најпосле, не можеме да ги избегнеме непријателите, затоа што секој од нас ги има, а корисни се. И не мора сите да не сакаат! Па, така, без разлика што зборувале за вас во годинава која изминува, обидете се да им простите зошто поради нив сте денес посилни и поуспешни. Всушност, од вашите непријатели сега сте научиле важни лекции. Слушнете ги и догодина нивните мислења и не земајте ги баш толку при срце нивните зборови.

На самите себе

Обично им простуваме на другите, а забораваме на себе. Ако оваа година била полна со грешки, простете си себеси за грешките кои сте ги направиле. Новата година е одлична можност да свртите нова страница во вашиот живот. Откако ќе си простите, ќе избегнете да ги правите истите грешки и догодина.

На поранешниот партнер

Без разлика дали ви е срцето сè уште „скршено“, а врската сосема упропастена, не го обвинувајте поранешниот партнер за овој неуспех. Сигурно е тоа заеднички неуспех. Ако во себе му простите на поранешниот партнер побргу ќе го заборавите, а во новата година ќе влезете со отворено срце за нов емотивен предизвик. Многумина не можат да најдат нова љубов зашто грчевито и гневно ја обвинуваат старата и така сè уште се „заглавени“ само во таа приказна.

На соседите

Јасно ни е, многу пати во текот на годината сте се изнервирале поради нив. И сега едвај и да се поздравувате во влезот. Ние не ги одбираме нашите соседи, па некои од нив се веројатно и негативно расположени кон нас. Но, ред е барем да се почитуваме и поднесуваме. Изненадете го соседот со убава реченица или комплимент и волшебно работите ќе се сменат.

На претпоставените на работа

Да, речиси сите претпоставени имаат чуден карактер, особено кога ние сме во прашање. Но, замислете само да си ги замените местата, па вие да го „фатите“ на дело како, наместо да работи, си постира „сликички“ на Интернет. Како вие би реагирале? Сигурно не би му рекле „ок е, јас ќе ја завршам твојата работа, ти работи на селфи-то“. Ако вашиот претпоставен бил престрог кон вас годинава, можеби не е поради тоа што не му се допаѓате. Најпосле, кога им простувате на луѓето кои ве повредиле, се чувствувате слободни, одите понатаму и напред, и постигнувате поголеми цели во животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот