Еурофарм Пелистер го промовираше новото засилување Филип Кузмановски

Како што објавија од македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер враќање дома на Филип Кузмановски е прекрасна вест за клубот и градот Битола.
Македонскиот репрезентативец Кузмановски денеска официјално беше претставен како нов ракометар на Еурофарм Пелистер.
Тој позираше во зелено-белиот дрес со број „18“, во друштво на спортскиот директор и тренер на екипата, Бранислав Ангеловски.
Кузмановски пред медиумите, партнерите, спонзорите и пријателите на клубот го изрази задоволството од враќањето во својот матичен клуб.
Клубот го пријави 27-годишниот бек за натпреварите во Лигата на шампионите и негово деби се очекува в среда против ПИК Сегед во салата „Боро Чурлевски“.
Инаку Кузмановски во тимот доаѓа од Германија каде ги бранеше боите на Вецлар, а претходно и на Магдебург и Хановер-Бургдорф.
Започна продажбата на билетите за натпреварот Еурофарм Пелистер – Пик Сегед (Среда, 18:45)
Билетите се пуштени во продажба:
– https://kartieurofarm.mk/
– Димпо ТОБАКО