Еурофарм Пелистер без голманот Кизиќ против Агуас Санташ во Португалија

фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

После поразот дома на стартот од новата сезона во ЕХФ Европската лига од данскиот Архус, играчите на Ларс Валтер во вторник ќе го имаат и првото гостување.

Следен противник на македонскиот вицешампион ќе биде португалската екипа на Агуас Санташ Миланеза која исто така беше поразена во првото коло од шпанската Бидасоа Ирун со 35:26.

Битолчани ќе бидат на утрешниот дуел, односно во составот на данскиот тренер Валтер нема да биде репрезентативниот голман Марко Кизиќ.

Како што информираат од клубот, чуварот на мрежата се здоби со повреда на натпреварот со Архус.

Мечот во Португалија ќе се игра од 20.45 часот, а судии ќе бидат Австријците Денис Болиќ и Кристоф Хурих. ЕХФ делегат е Марко Треспиди од Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот