ЕУ ќе ги избрише Србија и Црна Гора од листата безбедни земји поради големиот број новозаразени

Германска граница/ Фото: ЕПА

Листата е само препорака. Сите земји-членки на ЕУ не ги применуваат нејзините одредби.

Европска Унија ќе ги отстрани Србија и Црна Гора од листата безбедни земји, додека за вклучувањето на САД на листата не ни било разговарано, со оглед на големиот раст на инфицирани лица со Ковид-19, јавија  западните медиуми повикувајќи се на неименнувани извори.

Отсранувањето на Црна Гора и на Србија од листата на безбедни земји е на предлог на претседатвачот на ЕУ, Германија. Предлогот вчера бил поддржан од неколку држави, вклучително Франција, Шпанија и Холандија.

Одлуката официјално треба да биде потврдена на денешниот состанок на дипломатите на ЕУ.

Листата е само препорака. Сите земји-членки на ЕУ не ги применуваат нејзините одредби.

Двете балкански држави ќе бидат избришани од листата поради зголемено ширење на Ковид-19.

Земјите на ЕУ разговараа и за отстранување на Алжир и Мароко од списокот поради пораст на случаите, но повеќето се спротивставија на тој потег затоа што бројките се уште се релативно ниски.

По исклучувањето на Србија и на Црна Гора, 13 земји ќе останат на листата –  Алжир, Австралија, Канада, Кина, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај. И покрај тоа што се наоѓа на листата безбедни земји, патувања од Кина ќе бидат дозволени само ако кинеските власти дозволуваат и посетители од ЕУ. Условот за реципроцитет не се применува во случај на другите наведени земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот