Етиопија постави програма за следење на смртни случаи од Ковид-19

Докторот Билал Ендрис во главниот град на Етиопија, Адис Абаба, пред 10 години воспостави програма за да ги следи смртните случаи поврзани со ХИВ, а сега го следи бројот на починати од Ковид-19.

Билал обезбеди дополнителни средства за спроведување на програмата на сите 73 гробишта во Адис Абеба, наместо на сегашните 10.

Во главниот град на Етиопија помалку од 20 проценти од смртните случаи се случуваат во болниците, рече Билал, па затоа е неопходно за следење на бројот на починати да се разговара со водачите на заедниците и раководителите на гробиштата.

Само осум земји во Африка – Алжир, Кејп Верде, Џибути, Египет, Маурициус, Намибија, Сејшели и Јужна Африка – бележат повеќе од 75 проценти смртните случаи, покажуваат податоци на Обединетите нации.

Во другите региони, каде што официјалните податоци се лесно достапни, истражувачите го користеле вкупниот број на смртни случаи кој го надминал просекот за даден период од годината за да го утврдат бројот поврзан со пандемијата на коронавирусот.

– Во Етиопија и насекаде низ Африка … немаме податоци. Сакав да го претворам здравствениот систем во систем заснован на докази, рече тој.

Во Етиопија до сега има 7.650 заразени со коронавирусот и 127 смртни случаи.

Иако официјалните податоци покажуваат дека бројот на заразени и починати е мал, епидемијата на коронавирусот се забрзува, јавија светските агенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот