ЕСМ ќе купува јаглен од Косово, наскоро тендер за набавката

Фото: Архива

Извршниот директор на Косовската енергетска корпорација (КЕК), Нагип Красниќи најави дека наскоро ќе биде објавен тендер за продажба на јаглен, а дека меѓу оние што пројавиле интерес за купување е енергетската корпорација на Северна Македонија – ЕСМ, јави МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за приштинската КТВ, Красниќи изјави дека и досега постоеле преговори меѓу корпорациите на двете земји за размена на јаглен и електрична енергија, но дека нема конкретни договори. Тоа, според Красниќи, меѓу другото, се должи и на големата побарувачка за струја во Северна Македонија.

Тој вели дека КЕК ги информирала македонските партнери оти ќе биде објавен тендер, додека тие изразиле интерес за купување на косовскиот јаглен.

„Разговаравме со раководството на македонската енергетска корпорација за можноста од размена на јаглен и електрична енергија, но во моментов не гледаме многу можности да ја реализираме таа размена, затоа што и тие имаат големи побарувачки за електрична енергија. Меѓутоа, разговорите продолжуваат и во иднина може да очекуваме нешто такво. Тоа што се договоривме е да објавиме тендер за продажба на јаглен и тие изразија интерес да дојдат и да купат – рече Красниќи.

Тој додаде дека критетриумите на тендерот се определени, но дека подоцна „пазарот ќе каже која ќе биде цената на продажбата“ на косовскиот јаглен.

Тој напомена дека Косово, сепак, не е подготвено за извоз на големи количества на јаглен, а ги негираше и наводите во некои медиуми дека имало барања за увоз на јаглен од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот