Есенска нега на коса со домашна маска од квасец

коса

Маските од квасец одговараат на сите типови коса и незаменливи се во борбата против опаѓањето на влакната. Освен тоа, со маската од квасец ќе придонесете за побрзо растење на косата и ќе го решите проблемот со првут.

Како да ја подготвите

Во една голема лажица топло млеко растворете една кафена лажичка мед и додадете 20 грама свеж квасец. Оставете на топло место да ферментира околу 20 минути.Потоа, додадете 1 жолчка од јајце. Добро измешајте ги сите состојки.

Маската нанесете ја на чиста, влажна коса. Втријте ја добро во коренот, а потоа премачкајте ја целата коса. Завиткајте ја со крпа и оставете да делува еден час, потоа отстранете ја со топла вода, шампон и регенератор.

Во вака подготвената маска од квасец може да додавате различни состојки, на пример, една лажица маслиново масло, една лажица јогурт, сок од алое, авокадо и тн. Сепак, главната состојка мора да биде квасецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот