Ердоган: Западните земји паднаа на тестот во Газа

Ердоган / Фото EPA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја обвини меѓународната заедница дека само го гледа израелскиот геноцид врз палестинскиот народ, а израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху го нарече „ фирер на денешнината“.

– Ги гледаме оние кои безусловно го поддржуваат Израел. Оние кои денес замижуваат пред масакрите, утре ќе зажалат. Западните земји и меѓународните безбедносни институции паднаа на тестот во Газа и го загубија својот кредибилитет, рече Ердоган на инаугурацијата на новите бродови за турската морнарица во северозападната провинција Јалова.

Тој посочи дека оние кои тврдат дека се залагаат за демократија ги игнорираат убиствата на жени, деца и бебиња во последните 105 дена, од почетокот на израелските напади, пренесува „Дејли Сабах“.

– Тие само мирно го набљудуваат варварството, кое прерасна во геноцид, извршено од денешниот фирер Нетанјаху и неговиот крволочен тим против Палестинците, додаде турскиот претседател.

Ердоган истакна дека, како и во Ирак, БиХ, Сирија, Јемен, Мјанмар, Сомалија и Авганистан, институциите одговорни за обезбедување на глобалната безбедност потфрлија и „претрпеа сериозно губење на кредибилитетот“.

Тој рече дека Турција ќе продолжи со решителната борба против тероризмот „додека мочуриштето на тероризмот во Сирија и Ирак целосно не се исуши“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот