Ердоган побарал од Заев да има министер Турчин во македонската Влада

Зоран Заев и Реџеп Таип Ердоган
Зоран Заев и Реџеп Таип Ердоган / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 5 јуни минатата година во Истанбул се сретна со тогашниот премиер Зоран Заев. Средбата беше затворена за медиумите, и во таа прилика Ердоган побарал од Заев да има министер Турчин во македонската Влада, објави Телма.

Минатата недела пред гласањето на новата Влада, турските медиуми во земјава објавија дека за министер се споменувало името на поранешниот претседател на Уставниот суд, Салих Мурат, за што Заев и Ковачевски се согласиле, но за овој предлог против биле коалиционите партнери на СДСМ, Турската демократска партија (ТДП) и Партијата за движење на Турците (ТХП).

Пратеникот и претседател на Партијата за движење на Турците, Енес Ибрахим на Фејсбук објави дека висок претставник од партијата на Ердоган, побарал од него да го поддржи Салих Мурат да биде дел од македонската Влада.

– За време на мојата посета на Турција на 4 јуни 2021 година, висок претставник на АК Партијата побара Салих Мурат да добие функција во Владата и од мене побара да дадам поддршка за ова. За време на посетата на тогашниот премиер Зоран Заев на Истанбул (5.6.2021), претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган му рече на Заев дека сака да го види Салих Мурат како министер. Во новонастанатата ситуација која се појави по оставката на премиерот Зоран Заев, функцијата државен министер не ја донесовме ни на дневен ред како партија. Оти ​​според нас министер без ресор 20 години им е даден на Турците за да ги замолчат. Предвиденото министерско место за Турците, без должност и овластување, само еден човек да зема висока плата, не им донесе никаква корист на Турците, а ние постојано се залажуваме. Наш приоритет во новата влада беше функцијата министер за култура. Затоа што во последниот изборен манифест тој се фокусираше на културните политики и ни беше важен министерот за култура да ги реализира нашите размислувања во оваа насока. Не успеавме. За жал, мора да се земе предвид сегашната парламентарна распределба. Партиите со најмалку 2 пратеници во овој период не можеа да добијат министерство. Патем, не е точно дека министерствата без ресор се укинати. Во новата влада има 4 министри без ресор, напиша Ибрахим на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот