Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган / Фото: EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV

Ердоган: Грција ги крши правата на турското малцинство во Тракија

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во денешната изјава по повод 99-годишнината од Договорот од Лозана ја обвини Атина дека ги прекршила одредбите од Договорот за правата на турското малцинство во Тракија.
Условите кои се дел од Договорот, посебно правата на турското малцинство, се игнорираат или намерно се менуваат. Невозможно е нашата земја да прифати таква ситуација, која е во спротивност со нашите добрососедски односи и придржувањето кон Договор, истакна Ердоган.

Во Тракија муслиманите се 32 отсто од населението, меѓу кои мнозинство се етнички Турци, Роми и Помаци.

Договорот од Лозана, потпишан во 1923 година од новоформираната Република Турција и сојузниците по Првата светска војна, ги регулираше правата на преостанатите муслимански малцинства во Грција и на христијаните во Турција, по остри конфликти меѓу двете земји и размена на население.

Договорот, исто така, ја регулира власта на Грција врз островите во Егејското Море во близина на турскиот брег. Анкара неодамна се пожали дека Грција го прекршува Договорот од Лозана со милитаризирање на тие острови. Грција одговори дека постапува во согласност со меѓународното право и ја брани територијата, што е под постојана турска закана.

Минатиот месец Ердоган се повлече од разговорите на високо ниво со Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот