ЕП: Младите македонски одбојкарки загубија убедливо и од Грција

Трет пораз за македонската У19 одбојкарска женска репрезентација на ЕП/Фото: facebook.com/volleyballmkd

Македонската женска одбојкарска репрезентација до 19 години денеска во својот трет натпревар на Европското првенство во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје загуби од Грција со 0:3.

Грчките одбојкарки го освоија првиот сет со 25:17, потоа во вториот во кој дадовме најголема борба противникот славеше со 25:19, а во третиот со 25:17.

Најефикасна во нашите редови беше Добрина Хаџи Тошева со девет поени, а на спротивната страна Георгиа Лоула Ангелопулу доминираше со 16 поени.

Во другите мечеви од третото коло Италија славеше над Финска со 3:0, а со истиот резултат Полска беше подобра од Словенија.

На табелата во групата „1“ води Италија со девет бодови, пред Полска со шест, пет има Финска, Грција четири, Словенија три, а Македонија ниту еден. Во следното четврто коло за два дена нашите млади одбојкарки ќе ги одмерат силите против фаворитот во групата, Италија.

Во групата „2“ после три кола водат Србија и Холандија со по три бодови, по три имаат Хрватска, Романија и Турција, а ниту еден Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот