ЕП 2024 | ФОТО: Најдобрите македонски ракометари го одржаа првиот тренинг во Диселдорф

фото: РФМ

Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија пристигна во Диселдорф каде ќе ги игра натпреварите од прелиминарната фаза на Европското првенство во Германија.

Континенталниот собир ќе се организира од 10 до 28 јануари 2024 година, а ривали на избраниците на селекторот Кирил Лазаров во групата „А“ се селекциите на Франција, Германија и Швајцарија.

Преку видеа се анализираат противниците со цел што подобро претставува на македонската репрезентација на ЕП.

ФОТО: Стадионот во Диселдорф на кој ќе играат македонските ракометари подготвен за спектакл и историја

Нашите најдобри ракометари го одржаа првиот тренинг во Диселдорф, а првиот меч на ЕП ќе го одиграат в среда од 18.00 часот против Франција на стадионот „Меркур Шпил Арена“ пред повеќе од 50.000 навивачи.

Следните два меча ќе се играат во Берлин на 14 јануари против Германија, а на 16 јануари против Швајцарија.

Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во главната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот