Ентони Хопкинс 170 денови во строг карантин: Вели дека не полудел, но фотографијата покажува нешто друго…

Фото: Јутјуб

Фотографијата која што ја поставил на социјалната мрежа Твитер, ги изненади неговите фанови.

Легендарниот Ентони Хопкинс го „запалил” интернетот со новата фотографија, која што ја поставил на социјалната мрежа Твитер.

Актерот на оваа социјална мрежа е многу активен, често ги развеселува своите фанови со необични снимки – како една на која што свири клавир заедно со својата мачка. Меѓутоа, сега на неа споделил необична селфи фотографија.

Актерот под фотографијата напишал, па се пошегувал: „Веќе 170 дена поминати во карантин, мислам дека сè уште не сум полудел“.

Фановите прокоментирале дека почнува да ги покажува карактеристиките на еден од своите најпознати ликови – Ханибал Лектор.

Други му напишале дека целосно го разбираат, дека му е ужасно здодевно во карантин.

Хопкинс е во строг карантин веќе 5 месеци, затоа што спаѓа во најзагрозената категорија.

Ентони има 82 години и понатаму не планира да го напушти својот дом во Калифорнија, затоа што се забавува на различни начини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот