Енрике: Ако го знаев резултатот на другиот натпревар ќе добиев инфаркт

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Шпанија вчера иако беше поразена од Јапонија сепак го обезбеди пласманот во следната фаза, а со поразот Шпанците ќе одат на дуел со Мароко.

Многумина се сомневаат дека Луис Енрике калкулирал и со намера избрал да бидат поразени за да завршат како второпласирани бидејќи првопласираниот, а во овој случај тоа е Јапонија оди на Хрватска.

Но, во неколку минути вчера и Шпанија беше елиминирана. Имено, Костарика направи пресврт и поведе со 2:1 против Германија и ако тој натпревар завршеше со победа на Костарика Шпанија ќе беше трета во групата, а Костарика втора.

Стратегот на Шпанија, Луис Енрике после натпреварот тврдеше дека не калкулирал и дека не го знаел резултатот на тој натпревар.

„Навистиан не знаев како е резултатот на вториот натпревар, не знаев дека сме пред елиминација. Ако го знаев тоа ќе добиев инфаркт. Во фудбалот се може да се случи, па нормално дека стравував од елиминација. Немаме време за славење, продолжуваме понатаму“, изјави шпанскиот селектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот