ЕКСПЛОЗИВНО УЖИВАЊЕ: Кама сутра совети што не се однесуваат на пози и техники

Фото: Профимедиа

Кога ќе се спомне Кама сутра, многумина помислуваат на илустрирана збирка со сексуални пози и упатства како да се изведат.

Но, како учење, Кама сутра е многу повеќе од тоа. Освен пози, може да научите и техники, но и да најдете совети со кои оргазмот ќе биде загарантиран и кај мажот и кај жената.

Сексот е дел од природниот баланс на животот, а ова се најважните совети кои можете да ги научите од Кама сутра.

Предиграта е клучна

Според Кама сутра, но и како што се покажало во пракса, нема добар секс без добра предигра. Предиграта не мора да биде само физичка. Тука спаѓа и квалитетната комуникација и вербалното искажување на чувствата и потребите. Употребете повеќе допири, дури и во несексуален контекст.

Жените имаат предност

Кама сутра не се согласува со верувањето дека сексот треба да заврши кога мажот ќе доживее оргазам. Напротив, тие даваат предност на женското задоволство, а мажот е тој кој треба да ѝ приреди незаборавен оргазам.

Ценете го сексот

Според Кама сутра, сексот не е само физичко задоволство, туку неговото значење е многу подлабоко и поконкретно. Нема добар секс без добра комуникација, но важи и обратното, добриот секс ја подоброува и комуникацијата меѓу двајцата партнери инволвирани во односот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот