Експертка откри: Оваа положба на спиење ве прави да изгледате постаро

Фото: Профимедиа

Луѓето генерално имаат омилена положба за спиење. Без разлика дали сте љубители на феталната положба, спиење на стомак со едната нога надвор од покривката или уживате во спиењето на грб, сигурно сте слушнале за различните предности и недостатоци на вашиот омилен стил на спиење.

Според тврдењата на доктор Бет Голдстејн, секогаш би требало да избегнувате да спиете на страна, бидејќи оваа поза може да го поттикне создавањето на брчки. Станува збор за најлошата положба кога е во прашање изгледот, бидејќи лицето со часови е притиснато на перницата во неприродна положба.

Истото важи и за изгледот на вашите гради, каде што може да се појават линии ако секогаш спиете на страна. Спиењето на стомак може да биде исто толку лошо, според експертите.

– Се смета дека брчките поради спиењето на стомак се последица на постојаниот притисок врз вашата кожа“, објаснува Голдстејн.

„Кога сте млади и имате многу колаген, како и потпорни елементи на кожата, тие брчки повлекуваат веднаш по будењето, но со текот на времето, долготрајниот притисок навистина може да доведе до брчки од спиењето“, додала докторката.

Спиењето на грб е најдобрата опција за да се чувствувате свежо и за вашата кожа.

Ако сте склони кон грчење и често вртење во текот на ноќта, можете да се обидете да ставите перници од двете страни на лицето и телото за да го спречите вртењето на страна додека спиете.

Иако би било убаво да го поштедите лицето од брчките што е можно подолго, поубаво е од сè е да се разбудите одморени.

Голдстејн вели дека ако не можете да спиете на грб, можеби сето тоа не е вредно за компромис:

„Впрочем, луѓето кои се наспиени и одморени изгледаат помлади, што значи дека најдобриот начин за спиење е оној во кој се чувствувате најудобно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот