Експертите тврдат: Овие луѓе не треба да консумираат кефир

Фото: Профимедиа

Благодарение на бројните нутритивни вредности што ги содржи, како што се протеини, витамини од групата Б, калиум и калциум, кефирот е една од омилените намирници на многумина токму поради неговите здравствени придобивки.

Како што пишува „Медикал њуз тудеј“ (Medical News Today), редовното консумирање кефир ни помага во создавањето силни коски и градењето силни мускули, а придонесува и за зачувување на подобро здравје на срцето.

Она со што е особено богат кефирот се пробиотиците кои можат да помогнат во подобрувањето на бројот на здрави бактерии во гастроинтестиналниот тракт и во лекувањето на дигестивните проблеми и вагиналните инфекции, а исто така да се спречат можни инфекции на уринарниот тракт.

Меѓутоа, диететичарите предупредуваат дека има луѓе кои не треба да консумираат кефир или треба неговиот внес да го сведат на минимум.

Kефирот е веројатно со низок ризик за несакани ефекти за повеќето здрави луѓе. Сепак, некои луѓе може да доживеат дигестивни несакани ефекти, како дијареjа или надуеност, ако не се навикнати да консумираат кефир, јогурт или друга ферментирана храна

Станува збор, пред сè, за деца до една година, бидејќи не смеат да консумираат млечни производи од кравјо млеко, лицата со автоимуни болести и сите оние кои имаат алергија на лактоза. Иако некои луѓе со нетолеранција на лактоза може да доживеат и непријатни несакани ефекти, диететичарите нагласуваат дека умереното внесување на кефир не би требало да им пречи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот