Експертите предупредуваат: Вештачката интелигенција може да доведе до исчезнување на човештвото

Фото: Pexels/ cottonbro studio

Вештачката интелигенција може да доведе до исчезнување на човештвото, предупредуваат експертите, вклучително и директорите на истражувачките лаборатории за вештачка интелигенција „ОпенАИ“  и „Гугл дипмајнд“. Долга е листата на други стручни лица кои ја поддржаа изјавата, објавена на веб-страницата на Центар за безбедност на вештачката интелигенција(Center for AI Safety), пишува „Би-би-си“.

Имено, во изјавата која е поддржана од познати личности од индустријата, се наведува дека ублажувањето на ризикот од исчезнување на човештвото кој може да се случи поради вештачката интелигенција, треба да биде глобален приоритет заедно со другите општествени ризици како што се пандемии и нуклеарна војна.

Индустриските лидери, како Сем Алтман од „Опен Аи“, Демис Хасабис од „Гугл Дипмајнд“ и Дарио Амодеи од „Антропик“ предупредуваат дека идната револуција на вештачката интелигенција треба да се сфати сериозно како и закана од нуклеарна војна.

Но, многумини не се согласуваат со оваа изјава и за нив стравовите се претерани.

Професорот ЛеКун, кој работи во „Мета“ заедно со Џефри Хинтон и Џошуа Бенџио и е еден од „кумовите“ на вештачката интелигенција, смета дека овие апокалиптични предупредувања се претерани.

Многу други експерти на сличен начин веруваат дека стравовите од вештачката интелигенција да го избрише човештвото се нереални и дека го одвлекуваат вниманието од прашања како што се пристрасност во системите кои веќе се редовен проблем.

Арвинд Нарајанан, компјутерски научник од Универзитетот Принстон, претходно изјавил за „Би-би-си“ дека сценаријата за ваков вид на катастрофа се слични на научно-фантастичните филмови.

Медиумскaта покриеност за наводната „егзистенцијална“ закана од вештачката интелигенција се зголеми од март 2023 година, кога експерти, вклучително и директорот на „Тесла“, Илон Маск, потпишаа отворено писмо со кое повикува на запирање на развојот на следната генерација на технологија за вештачка интелигенција.

Во писмото се прашува дали треба да „развиваме нечовечки умови, кои на крајот би можеле да нè надмудрат и да не заменат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот