Екс унгарски европратеник во тесно: Ослободен од обвинение за шпионажа, но не и за проневера на европски пари

Фото: EPA-EFE/Zsolt Szigetvary HUNGARY OUT

Поранешниот унгарски европратеник од екстремната десница, Бела Ковач, осомничен за шпионирање за Москва, денеска беше ослободен од обвинението пред првостепениот суд во Будимпешта, но беше прогласен за виновен за проневера на европски пари.

Обвинителството во 2017 година поднесе обвинение против Бела Ковач за „учество во шпионски активности против европски институции во корист на странска држава”, за „затајување данок” и за „фалсификување на документи што довеле до финансиска штета” во периодот од 2012 до 2014 година.

Судството не ја спомена државата во чија корист работел Бела Ковач, но унгарскиот печат пишуваше за неговите бројни патувања во Москва, каде наводно тајно се состанувал со руски дипломати.

Бела Ковач ја напушти националистичката партија Joбик, набргу по појавувањето на тие обвинувања, неговиот пратенички имунитет беше укинат во 2015 година, а од 2019 година тој веќе не е европски пратеник.

Шпионажата во таа држава се казнува со затвор од две до осум години. Ковач беше осуден на една и пол година затвор со условна казна за затајување данок и фалсификување документи, откако потпишал „фиктивни” договори за практика на финансиска штета на Европскиот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот