Екс-директорот на Онкологија, доктор Нино Васев денеска е сведок на Анкетната комисија

Нино Васев во анкетна комисија / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, доктор Никола Васев, денеска пред пратениците во Собранието ќе одговара на пратеничките прашања на Анкетната комисија формирана за утврдување евентуална политичка одговорност за скандалот Онкологија.

Досега на Анкетната комисија повикани беа и сведочеа бројни сегашни и поранешни министри за здравство, претставници на Фондот за здравство, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД. Според наши информации, оваа недела ќе се појават како сведоци бројни вработени на Клиниката за онкологија.

Во Собранието седницата се очекува да почне секој момент, а доктор Васев е пристигнат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот