Еколошки свесна иднина

И покрај големите промени и предизвици што новото време ги носи, човечкиот фактор за промена, останува многу битен кога е во прашање еко свеста и иднината на нашите генерации. Навиките на луѓето се менуваат, подобруваат, а во голема мера откако се случи пандемијата, контекстот е изменет и се поставуваат важни прашања околу рециклирањето, користењето обновливи извори на енергија, потрошувачките навики, но и сериозното учество во промените.

Доколку досега не сте имале шанса некако да учествувате во поголеми промени поврзани со еколошките принципи, ние можеме да ви дадеме една основна идеја – преку користење апликација Halk Eco. Оваа услуга е од Халкбанк АД Скопје, и ви овозможува да формирате здрави животни навики, да придонесете во зачувување на животната средина, но и да мотивирате некој друг да го следи вашиот пример.

Она што е интересно е дека со помош на оваа апликација, секоја ваша активност се наградува. Без оглед дали пешачите, трчате, возите велосипед или тротинет, преку оваа услуга добивате HalkCoins и освојувате различни нивоа  каде што Ви следуваат подароци, но и други финансиски бенефиции. Најдобрата можност што предничи во однос на останатите е можноста да засадите Ваше дрво. Со оваа апликација досега се засадени преку 8000 дрвја, што не е воопшто мала бројка. А еден од нив можете да бидете и вие!

Под капата на оваа платформа Халкбанк АД Скопје ја организираше првата хронометар трка во услови на пандемија „Халк еко хронометар” трка, потоа ја организираше и велосипедската трка “Halk Velo Green” чиишто средства од котизациите беа искористени за пошумување на над 8000 садници во Свети Николе. Воедно беа реконструирани различни инфраструктурни места низ државата, со цел да се обезбедат подобри услови на локалната заедница. Таков пример се мостовите во Градскиот парк, како и реставрацијата на стариот пешачки мост во Крушево. Се работи и на уредување и раззеленување на одредени маалски корнери низ државата, како што е Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија кој по уредувањето постана ново место за одмор, релаксирање, маалски дружби и креирање спомени.

Преку овие проекти, Халкбанк АД Скопје преку платформата HalkEco прави разлика во заедницата и е мотиватор за сите кои ја користат апликацијата да бидат корисни и вклучени граѓани во еколошките пристапи за подобра иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот