Едно лице тешко повредено во сообраќајката на патот Прилеп – Битола

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Во сообраќајната несреќа што се случила еден час по полноќ на патот Прилеп – Битола, повредено е едно лице.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сообраќајката се случила меѓу товарно возило „МАН“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот битолчанец Д.М. и автомобил „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки кое го возел 20-годишниот Д.К. од Прилеп.

Тешко повреден е 20-годишниот Д.К. кој бил пренесен во прилепската болница.

Поради сообраќајката, сообраќајот помеѓу Прилеп и Лагово се одвива по стариот пат, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Екипите ЈП „Македонија пат“ се на местото на настанот и работат на расчистување и нормализација на сообраќајот.

 

Сообраќајка на патот Прилеп – Битола, сообраќајот се пренасочува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот