Една нелекувана медицинска состојба го зголемува ризикот од развој на деменција

Деменцијата е состојба позната на сите, но, за жал, и многу честа, а влијае врз когнитивните функции и сѐ почесто се дијагностицира во светот. Деменцијата е термин со кој се обележува процесот на опаѓање на менталните способности, кој е со доволна силина да го попречува секојдневниот живот.

Доктор Френсин Васкавиц додава дека секој мора да се грижи за деменцијата, а денес бројот на заболени е во пораст. Според процените на експертите, бројот на заболени тројно ќе се зголеми до 2050 година.

„Токму овој брз пораст на бројот на заболени значи дека деменцијата може да стане и ваш проблем. Во моментот за неа не постои лек. Најдобрата алатка во борбата против неа е токму превенцијата во форма на здрав начин на живот“, додава д-р Васкавиц.

Иако не постои сигурен начин да се спречи оваа состојба, постојат здрави избори што во голема мера можат да го намалат ризикот. Васкавиц додава дека експертите проценуваат дека избегнувањето на факторите на ризик може да ја спречи или одложи деменцијата во 40 отсто од случаите. Колку побрзо почнете да вложувате во превенцијата, толку подобра ќе биде вашата заштита на здравјето.

Докторката објаснува: „Иако е тешко да се предвиди што точно ќе влијае врз развојот на деменција, одредени навики можат да го зголемат ризикот. Тие вклучуваат постојани проблеми со спиењето и несоница (помалку од 6 часа сон), консумирање намирници полни со маснотии и кои ќе поттикнат воспаление. Исто така, тука е и чувството на осаменост и социјална изолација што долго траат. Седењето, пушењето цигари и пиењето големи количини алкохол се исто така опасни.“

Постои уште една работа на којашто докторката предупредува дека е многу опасна.

Губењето на слухот што не се лекувал, може да го зголеми ризикот од развој на деменција. Според пишувањето на „Лансет комисијата“, губењето на слухот се смета за причина за деменција во дури 8 отсто од случаите. Возрасните луѓе кои страдаат од губење на слухот често се оние кај кои побрзо ќе дојде до когнитивен пад, проблеми со меморијата и размислувањето. Доколку и самите го забележите овој проблем, задолжително договорете преглед кај лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот