Еди Марфи ќе ја добие престижната награда „Сесил Б. Демил“ на Златен глобус

Еди Марфи со својата Златен глобус статуетка во 2007 година / Фото: EPA/ARMANDO ARORIZO

Американскиот актер Еди Марфи е годинашниот добитник на престижната награда „Сесил Б. Демил“ на 80. издание на доделувањето на филмските награди Златен глобус, објави „Варајети“.

Марфи, кој ја доби својата прва Златен глобус статуетка во 2007 година за својата споредна улога во филмот „Dreamgirls“, ќе ја прими наградата за време на свечената церемонија, која ќе се случи на 10 јануари 2023 година.

Еди Марфи во филмот „Dreamgirls“ / Фото: David James / Entertainment Pictures / Profimedia

Наградата „Сесил Б. Демил“ се доделува уште од 1952 година и оди во рацете на личности кои имаат огромен придонес во светот на шоу-бизнисот.

Во последните неколку години, добитници на оваа награда беа Џејн Фонда (2021), Том Хенкс (2020), Џеф Бриџис (2019), Опра Винфри (2018) и Мерил Стрил (2017).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот